Министерот Спасовски на cocтaнок зa имплeмeнтaциja нa ЕУ акциски плaн зa тpгoвиja со мaло и лecно oгнeнo opyжje и мyнициja 2020-2025

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска онлајн се обрати на состанокот  на високи државни претставници за имплементација на Акциониот план на ЕУ за трговија со огнено оружје 2020-2025, особено неговите специфични дејствија за југоисточна Европа и соработката со ЕУ, вклучително и за имплементација на регионалниот Патоказ за одржливо решение за нелегално поседување, злоупотреба и трговија со малото и лесно оружје и нивната муниција во Западен Балкан до 2024 година, организиран од Европската Комисија и  словенечкото претседателство со Советот на ЕУ.

Во рамките на сесијата за Министри за внатрешни работи од Западен Балкан, Министерот Спасовски се осврна на напредокот остварен во исполнување на  целите на Патоказот, започнатите и планирани активности и проекти и предочи некои од предизвиците со кои се соочуваме поради кризата предизвикана од ковид-19.

Воедно, министерот Оливер Спасовски истакна дека конечното спроведување на Патоказот ќе има голем удел во сузбивањето на криминалот од областа на недозволената трговија на оружје и муниција, вклучувајќи ја и употребата на оружјето во кривични дела од областа на организираниот криминал, насилниот криминал, недозволената трговија со дрога и останатите области, кои претставуваат значаен сегмент во справувањето со ризиците и заканите по внатрешната безбедност на секоја држава. Градењето и воспоставувањето на систем преку утврдување на процедури и механизми за контрола на легалните и нелегалните текови на оружјето, имаат значајно влијание врз безбедноста.

Исто така, министерот Оливер Спасовски упати искрена благодарност до Европската унија, Германија, Франција, како и до организациите УНДП-СИСАК, ОБСЕ, УНДП и УНОДЦ за огромната поддршка што ја даваат во јакнењето на институционалните капацитети на Република Македонија во областа на контролата на малото и лесно оружјe.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This