МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ НЕМА ПОИМ КОЈ ОПЕРИРА НИЗ ДРЖАВАТА:Во Министерството за здравство немаат информација за тоа дека во приватна кадриохируршка болница починале две деца

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во државата има еден лиценциран детски кардиохирург кој работи во Универзитетската клиника за детска хирургија, а кој оперира во приватните болници и колкава е стапката на смртност министерот за здраство Венко Филипче не знае, но ќе провери.

Во лекарските кругови деновиве се шпекулира дека во една приватна кардиохируршка болница починале две деца при изведување на кардиохируршки операции, на возраст од 10 години поради тоа што операциите се изведуваат од нестручни лица.

Поради ова приватната болница го прекинала договорот со лекарка од соседна Србија, која ги направила операциите и сега иако имало уште децата што треба да се оперираат интервенциите се сторпирани. Истата лекарка инаку пред две години оперирала и на Клиниката за детска кардиохирургија, но за кратко време ангажманот и бил прекинат.
Во Министерството за здравство немаат информација за тоа дека во приватна кадриохируршка болница починале две деца, но како што вели министерот ќе проверат па ќе излезат со информација.

-Дека има смртни случаи немаме инфромација, но ќе ја поровериме. Врз основа на нашите критериуми имаме само еден лиценциран детски кадриохирург, кој работи на Универзитетската клиника за детска хирургија под менторство на странски лекари. Досега постоеше концепт и во приватните болници да се развие детска кардиохирругија, но дека таму има посебно детски кардиохирурзи јас не сум информиран, ќе испитам и ќе ви дадам информација – вели Филипче .

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This