МИНИСТЕРСТВОТО ЗАСПА: Нема навремена набавка ниту на новите задолжителни вакцини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За четири месеци е пролонгиран рокот за проширување на календарот за имунизација. Дополнителни вакцини во центрите за имунизација против пневмококна бактерија и рота вируси кои ќе бидат задолжителни, ќе има од април.

Алфа побара одговор од министерството за здравство, зошто вакцините против пневмококна бактерија и рота вируси не се на време обезбедени, но до почетокот на овие вести не добивме појаснување.

Во меѓувреме, се трошат МРП вакцините. По прогласувањето на епидемија на мали сипаници во Скопје, ваква вакцина примија над 1800 деца, а на клиниката за инфективни болести, од мали сипаници се лекуваат над 20 лица.

Здравствените власти уверуваат дека скандалот со декларациите со поминат рок на кутиите со МРП вакцини не ги обесхрабрил родителите да ги заштитат своите деца од морбили.

За тоа колкава казна ќе треба да плати увозникот и дистрибитерот на вакците „Македонија лек” за скандалозниот пропуст со декларациите ќе се знае дури идната недела.

Филипче, во изјава дадена вчера, само за дел од медиумите, посочи дека ќе бара максимална казна за „Македонија лек“, но и одговорност од сите директори на здравствените домови, а и од вработените задолжени за прием на вакцината, кои не укажале на пропустот кој го рушел угледот на јавното здравтсво.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This