МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ЌЕ ГИ ОДЗЕМА ИНГЕРЕНЦИИТЕ И НА ДРУГИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ:Од Алијансата на Албанците обвинуваат дека ингеренциите намерно се одземени од Таравари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за образование и наука донесе одлука да му бидат одземени ингеренциите во областа на образованието на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари. Градоначалниците на Конче, Липково, Боговиње и Желино се следните кои може да ги изгубат ингеренциите во делот на образованието, објави Телма.


Како што информираат од Телма, овие градоначалници неправилно разрешувале директори на училишта и на нивно место без законска основа поставувале нови.

„Во моментов се водат повеќе постапки кои се однесуваат на повеќе градоначалници. Доколку не бидат одстранети законските нерегуларности ќе биде постапено согласно закон“, велат од Министерството.

Од Алијансата на Албанците обвинуваат дека ингеренциите намерно се одземени од Таравари со цел да бидат дадени на ДУИ и дека ваквата одлука е сомнителна. Издвоени се неколку други рурални општини само за да не биде само Гостивар велат од партијата.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This