МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРОПАГАНДА ДОБИВА ЗАСИЛУВАЊЕ: Петрит Сарачини и Жарко Трајаноски вработени во Пи-ар службата во Влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓанскиот активист Жарко Трајаноски и Петрит Сарачини се ангажирани во Пи – ар службата на Владата, за Плусинфо потврди владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Трајаноски на јавноста и е познат како граѓански активист и учесник во Шарената револуција.

Сарачини пак, до неодамна беше дел од кабинетот на екс- министерот за култура Роберт Алаѓозовски, кој по оставката, Владата го ангажира за национален координатор за култура. По оставката на министерот од кабинетот замина и Сарачини, но за кусо време тој повторно е ангажиран да работи за Владата.

– Жарко Трајаноски и Петрит Сарачини се ангажирани за извршување професионални задачи за потребите на Секторот за односи со јавноста на Владата на РМ.
Жарко Трајаноски е ангажиран за истражувања и анализи, а Петрит Сарачини за медиумски мониторинг, во согласност со нивните професионални компетенции. Нивните ангажмани се регулирани со договор на дело – ни потврди Бошњаковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This