МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ КОНТРА МИЛА ЦАРОВСКА: Нема да има зголемување на пензиите, СДС дополнително ќе ги крати!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бранимир Јовановиќ, советник на министерот за финансии Драган Тевдоски, синоќа потврди дека зголемување на пензиите нема и Владата на СДСМ е неспособна да го подобри статусот на пензионерите.

Јовановиќ се обиде да ги оправда хаотичните политики на СДСМ и немањето концепт и знаење за раст на стандардот, на својот фејсбук профил, каде напиша:

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]„Ова е дупката во пензискиот фонд, односно средствата кои се префрлаат во фондот од централниот буџет. 463 милиони евра. Со 463 милиони евра можат да се направат многу работи. Може да се средат здравството и образованието. Може да се гасифицира земјата. Може да се изгради хидро или соларна централа. Дупката е зголемена трикратно од 2006 наваму. Главно заради тоа што претходната власт милуваше да ги зголемува пензиите, без да има економска оправданост за тоа. Ако се продолжи со ваквата пракса, дупката само ќе се зголемува, со што ќе има сè помалку пари за оние работи кои навистина се важни. Затоа пензиите треба да се зголемуваат постепено и кога ќе има услови за тоа. Ако е поинаку, само пензионери ќе останат во оваа држава.“[/kopa_block_quote]

 

Јовановиќ не само што го пофали ВМРО-ДПМНЕ дека ги зголемувало пензиите, туку и најави дека зголемување на пензиите ниту е планирано, ниту е има.

За пензионерите СДСМ тврди дека нема пари, но затоа, коментираат граѓаните, има пари за партиски вработувања на војници од СДСМ и т.н. невладин сектор кој одработуваше за интересите на СДСМ.

Дополнително, Јовановиќ ги обвини пензионерите дека со парите кои се одвојувале за нивниот подобар стандард, можела да се изгради соларна централа во Македонија. Значи, не само што СДСМ не им дава пари на пензионерите, туку и ги обвинува дека поради нив Македонија немала соларна централа.

Познавачите велат дека попрво човек ќе стапне на Сонцето, отколку што СДСМ ќе изгради соларна централа со парите кои им ги скрати и украде повторно на пензионерите. А платата од 500 евра со која Заев купуваше гласови, во моментов изгледа потешко остварлива дури и од споменатото качување на човекот на Сонцето.

Пред само три дена министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во една комична прес-конференција се обиде на невешт начин да ја манипулира јавноста и да прикаже дека со усогласувањето на пензиите со кое оние со најниски пензии ќе добиваат 90 денари плус на месечно ниво, пензионерите имале поголем бенефит отоколку со покачувањето од 5% кое го воведе ВМРО-ДПМНЕ и со кое сите пензионери во Македонија добиваа по отприлика 650 денари плус на месечно ниво. Таа исто така најави дека ќе има и зголемување на пензиите „во еден убав сончев ден“.

Бруталниот демант од Финансии за лагите на Царовска дојде и побрзо од очекуваното. Едно е факт: СДСМ продолжува онаму каде што запре во 2006-та година – со тотална негрижа за пензионерите и со политики кои само им носат штета.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This