МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ПРЕФРЛА ПАРИ НА НЕВЛАДИНИТЕ: Зошто и на кого Министерството за финансии префрла милиони во НВО пред избори?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зошто и кому Министерството за финансии префрла милиони пред избори како трансфери до невладините организации? Министерството за финансии молчи околу овие трансфери како да станува збор за пари од фирмите на Заев, а не за пари на граѓаните кои може да бидат злоупотребени во изборите. Платите се намалуваат, зголемувањето на пензиите се укинува, индустриското производство тоне, но затоа се истураат милиони во невладиниот сектор

 

 

На декемвриските избори невладините организации беа фатени како купуваат дрва, а потоа ги делеа во замена за гласови. Во цела Источна Македонија кандидати за пратеници на СДС ги посетуваа Ромите со цел да агитираат при делењето на пакетите за имунизација и хуманитарна помош.

Владата не дава одговор за што се користат милионските суми кои ги префрлаа на сметките на невладините организации. Не дава одговор кои се тие невладини организации и со што ги заслужиле милионите што им ги дава Тевдовски.

Во минатото бевме сведоци на политички активности, кои дел од невладините организации во координација со СДС ги спроведуваа со пари кои се влеваа во Македонија, а за кои немавме увид ниту од каде се, ниту за што се користат.

Веднаш по стапувањето на власт, СДС започна со вработување на активистите на т.н. шарена револуција кои денеска работат и примаат плата од институциите кои ги уриваа.

Волјата на граѓаните, не е јасно е зошто токму во предизборен период на невладините им се исплаќаат еден милион евра од буџетот на Република Македонија. Тоа се наши пари.

За само два дена од парите на граѓаните на сметките на невладините организации се префрлени 29.660.000 денари. Вкупно, откако се распишани изборите, на сметките на невладините се префрлени 55.785.000 денари или скоро милион евра.

Овие трансфери може да го загрозат целиот предизборен процес.

Купувањето на гласови е криминал. За криминал се одговара. Откако Зоран Заев и неговата неспособна власт ќе заминат, ќе се врати правната држава, а секој ќе сноси одговорност за своите постапки.

Казната од граѓаните за расфрлањето со нивните пари ќе стигне на 15-ти октомври.

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This