МИНИСТЕРСТВОТО НА ДЕДО И ДА НЕ Е: Вработена во кабинетот на Ременски си се развозувала со службени возила!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откриена е злоупотреба на возила од страна на блиски соработници на Фросина Ташевска Ременски. Станува збор за Наташа Методијева службеник во кабинетот на техничката министерка за труд и социјална политика која користела возило на министерството за приватни потреби и цели.

remenski-frosina-640x360

До нашиот портал стигнаа информации и фотографии со кои се посведочува разузданоста на соработниците на техничката министерка за труд и социјална политика.

Наташа Методијева кабинетски во кабинетот на Ташевска Ременски користела службено возило на министерството чие користење и било дозволено нејзината министерка.

Од документите во прилог јасно се гледа дека Наташа Методијева е именувана за кабинетски службеник на 2 септември 2016 година и дека со решение од 3 октомври и е утврдено правото за користење на службено возило Цитроен Ц3 со регистарски број SK-2275-AL
1-1-640x853

2

Иако Методијева била задолжена да го користи возилото за службени потреби како што е наведено во решението, од фотографиите и видеото во прилог се забележува дека таа го употребувала надвор од работното време и вон потребите на Министерството за приватни и партиски цели. Возилото е забележано и пред партиските штабови на СДСМ, а на фотографиите подолу возилото е забележано пред зградата во која живее Наташа Методијева.

3-1-640x853

4-1-640x853


Службеното возило на министерството за труд и социјална политика синоќа е забележано вон министерството.
4a-640x853
Истиот кабинетски службеник е партиски војник на СДСМ и учесник во таканаречената Шарена револуција, па оттука логично се поставува прашањето дали нејзиниот шеф Фросина Ташевска Ременски ја наградувала со возило во сопственост и средства од Министерството за успешно завршени партиски обврски.

5-640x433
Ова е конкретен доказ за злоупотреба на службени ресурси, службени возила за приватни и партиски цели. Техничката министерка Ташевска Ременски која се обиде да манипулира на неколку пресконференции и лажно да обвинува, преку овој случај дознаваме дека дозволувала злоупотреба на службени ресурси и возила од страна на нејзиниот кабинет. За досегашните скандали немаше храброст и доблест да се извини но за конкретниот скандал треба да понесе одговорност и Ременски и нејзиниот кабинет.

Останува јавноста да суди, а надлежните институции да превземат соодветни мерки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This