April 19, 2024, 10:07 pm

МИНИСТЕРСТВО ЗА КАНАБИС КУЛТУРА И ВРВЕН СЕЉАЧИЗАМ: Амон Мра се фалел дека е над законот и смеело да се пуши!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред неколку дена секторот за комуникации при министерството за култура воден од Петрит Сараќини алијас „МРА“ издаде едно соопштение по наредба на министерот Роберт Алаѓозовски, после кое јавноста започна сериозно да се сомнева дали во овој ресор користењето опијати е секојдневие и дали Мра и Алаѓозовски делат и нешто повеќе од фасцинацијата со растафаријанството.

V

Поинаку и не може да се објасни официјалниот став на Алаѓозовски кој реши да избрка директори на театрите бидејќи тој сметал дека директорите „биле под контрола на Груевски“. Надвор од умот, но министерот токму тоа го презентираше како свој официјален став.
Со тоа Алаѓозовски само го формализираше политичкиот прогон како легитимна алатка на оваа власт на Заев и СДСМ, а фашизоидниот настап и тоталитарноста како нејзини движечки сили.

Но, денес имаме повеќе детали околу овој чин. Нашата редакција дознава од присутен на настанот дека за време на примопредавањето на канцеларијата на еден од двајцата директори кои беа разрешени минатата недела, се појавил и новиот заменик министер за култура Владимир Лазовски, кој меѓу другото оваа функција ја заслужи водејќи ги сите митинзи на СДСМ во изминативе години.

Лазовски седнал на една од фотелјите во директорската канцелатија и се обратил со разрешениот директор дали во канцеларијата смее да се пуши, при што добил одговор дека „по закон – не смее“.

На ова Лазовски го покажал сиот свој сељачки раскош и одговорил:

„Е сега ЈАС сум законот!“. Нормално, притоа новиот заменик министер запалил и цигара.

Кој уметник толку му се огрешил на Заев и што у направил што овој решил да и врати на културата мило за драго и во ресорот да стави вакви двајца дибидуси, е мистерија со која треба некој сериозно да се позанимава.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This