МИНИСТЕРСТВО ЛИ Е, ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА ЛИ Е?: „Шарените“ другарки на Шеќеринска на пат околу светот, на сметка на граѓаните и војската?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Министерството за одбрана не престануваат небулозите и интересните случувања кои министерката им ги приредува на вработените. Некои се забавни, па работниот ден на вработените им го прават интересен, а некои им го прават пекол.

Така на пример, туристичката агенција „Шеќеринска“ продолжува турбо да работи, нормално на грбот на обичните граѓани кои плаќаат даноци и го полнат буџетот. Другарката на Радмила Шеќеринска, Паула Дабовиќ, инаку помлад соработник во министерството, не престанува со патот околу светот, но не за 80 дена, туку на постојана рута.

Доколку се погледнат нејзините објави на социјалните мрежи и се земат во предвид датумите на истите, навистина е многу тешко да се пресмета дали по доаѓањето на Радмила Шеќеринска за министер, помладава соработничка има поминато повеќе време во Република Македонија или надвор од Република Македонија, по службени патувања.
Берлин, Њујорк, Вашингтон, Хамбург се само дел од турнејата „Дабовиќ“. Дали овој успон кон ѕвездите на помладиот соработник се должи на нејзиното активно учество во Шарената Револуција, е прашање кое треба да го одговори министерката за одбрана. Исто така, нашите извори од министерството посочуваат и дека во отсутво на раководителот на Секторот за меѓународна соработка, кадешто е вработена помладата соработничка, документите од секторот единствено може да ги потпишува само Паула, бидејќи има овластување добиено од министерката.

Ситуацијава, роди ме мајко другар на Радмила и фрли ме во министерството за одбрана, ако сакаш да го прошетам светот!

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This