March 28, 2024, 10:47 am

Министер ги изгуби нepвите и ја нaпадна Kинa: Како љубезно да ви кажам – Од*бете од нашите води

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Филипинскиот шеф на дипломатијата не бираше зборови откако неговата влада испрати 78 протестни ноти до Пекинг во последните пет години.

Филипинскиот министер за надворешни работи, Теодоро Локсин од својот приватен Твитер профил испрати експлицитна порака до Кина, очигледно револтиран од константните упади на кинеските рибарски бродови во филипинските води.

Локсин е познат по својот остар и директен јазик, нешто што не е баш вообичаено за еден дипломат.

„Кина, пријатели, како љубезно да ви кажам? Да видам… од*бете. Што правите со нашето пријателство? Вие, не ние. Ние се обидуваме“, порача меѓу другото филипинскиот дипломат.

Кинеската амбасада во Манила не реагираше на неговиот испад, додека пак од американското министерство за надворешни работи соопштија дека САД стои зад своите филипински сојузници кои се под кинески притисок во Јужното кинеско море.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This