Миниcтepoт Спасовски ocтвapи cpeдбa co cлoвeнeчкиoт aмбacaдop Предан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска во МВР, министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски имаше средба со амбасадорот на Република Словенија во нашата земја, Н.Е. Милан Предан.

Притоа, во фокусот на разговорите, покрај заедничката оценка за досегашната извонредно квалитетна и блиска билатерална соработка меѓу двете земји, во многу области од заеднички интерес, беа и процесите околу евроинтеграцијата на Република Македонија во ЕУ, односно безрезервната поддршка на Словенија во насока на наше поскорешно отпочнување со претпристапните преговори со Унијата. Во тој контекст, министерот Спасовски ја поздрави и се заблагодари за таквата континуирана поддршка на Словенија во изминативе децении, потенцирајќи ја и поддршката во делот на конечното наше полноправно асоцирање во НАТО алијансата.

Дополнително, како доказ за меѓусебното пратнерство и блискоста беше апострофирана и помошта и поддршката што ја имавме околу успешното справување, особено во текот на т.н. прв бран од пандемијата предизвикана од „Ковид – 19“.
Воедно, двајцата соговорници го потенцираа и партнерството во безбедносната сфера, односно во сегментот на спроведувањето на законите, пред сѐ меѓу ресорите за внатрешни работи на двете земји, особено со учеството на словенечките полициски службеници во заеднички операции со колегите од Република Македонија за спречување на илегалната миграција и поголема контрола на нашата јужна државна граница.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This