МИНИСТЕРСКИОТ СОСТАНОК ЗАПОЧНА УТРИНАВА: За датумот ќе се одлучува утре

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во сенка на прашањата за Брегзит и турската офанзива во Сирија, Македонија го очекува европскиот расплет за преговорите со Унијата.

По францускиот студен туш, сега сите надежи се насочени кон вечерашниот амбасадорски состанок во Луксембург, од кој, македонската влада очекува да се спаси, што може да се спаси пред утрешниот прв тест, на Советот на министри.

На неповолниот епилог се надоврзува и молкот по вчерашната средба меѓу Макрон и Меркел во Париз. Дали воопшто станало збор за Македонија, како што се најавуваше, не е познато, а проширувањето не беше споменато и на заедничкото обраќање. Премиерот Заев и натаму е оптимист дека аргументите се на наша страна.

-Утре почнуваат состаноците на Советот на министри и ќе ги знаеме поконкретно чекорите, но верувам дека на 17 и 18 ќе бидат донесени конкретните одлуки за нас. Не сакам ни да размислувам дали ќе добиеме датум. Петнаесет години чекавме, донесовме крупни одлуки, реформи, договорите се 100 отсто извршени, навистина сме пример за целиот регион. оцени Зоран Заев, претседател на владата

Засега на маса се две сценарија. Првото, и најнеповолно за земјава е Макрон да истрае на првичниот став од пред четири дена и преговорите со Скопје и Тирана да се одложат на неопределено време, а на прашањето да се навратат кога земјите ќе ги исполнат условите и ќе се формулира новата реверзибилна методологија на преговарање. Второто, и многу поповолно сценарио е она што го турка финското претседателство – Македонија да добие зелено светло, а првото поглавје формално да го отвори најдоцна до јуниа, дотогаш паралелно да се работи на ремонтот на методологијата, на кој инсистира Париз. Извори на Канал 5 велат дека како компромис кој би можел да ја задоволи Франција, на маса да се најде финскиот предлог, но без временската одредница кога би бил стартот на преговорите.

Тоа ќе даде можност сите капацитети да се движат уште посериозно и посилно со реверзибилна метода – ако не успеат да ги враќа назад. На пример ако третото поглавје е слобода на медиумите, ако успеете да го затворите во првата година или две, а преговарајќи во третата или четвртата ја нарушите слободата на медиумите, да ве враќа назад. Тоа значи дека земјите кои преговараат треба да имаат одржливи постигнати поглавја, заокружени политики, кои ќе значат трајни трансформации на општествата, објаснува Заев.

Во меѓувреме, француската скептичноста наиде на осуда кај дел од актуелните и поранешните европски лидери. Ексбугарскиот претседател Плевнелиев вели дека ставот на Макрон извира од зголемениот национализам и неговиот пад на популарноста во Франција.

Кажувам најодговорно, тоа е едно најправилно решение, ако францускиот претседател ја затвори вратата во овој историски момент за почеток на преговори со Македонија и Албанија, изјави Росен Плевнелиев, поранешен претседател на Бугарија.

Почеток на преговори за земјава, преку отворено писмо, објавено во Поллитико, денеска побараа

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This