April 20, 2024, 12:16 pm

МИРА ДИЗЕЛ ЗАВРШИ НА АНТИKOРУПЦИСКА: Мира Стојчевска – прв предмет на новата антикopyпциска комисија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Антикоpyпциската комисија ќе ги проверува вработувањата на роднините на пратениците и другите функционери за кои изминатиов период имаше обвинувања за непотизам.

Од ДКСК најавија дека на списокот има 18 имиња чии вработувања ќе се проверуваат и дали имало судир на интереси. Меѓу првите се сопругот на пратеничката Мира Стојчевска, Илјо Стојчевски, во Шумската полиција во Делчево, за нејзиниот син Виктор Стојчевски кој беше вработен во државната ЕЛЕМ, како и за нејзиниот брат Цветан Велевски вработен во РЕК Битола.

Меѓу другите предмети се Надица Делкова – сопруга на градоначалникот на Општина Неготино Тони Делков, вработена во ОУ „Гоце Делчев“ – Долно Дисан. Хидоете Алили – сестра на министерот за култура Асаф Адеми, вработена во ЕЛЕМ. Кристијан Мисовски – син на пратеникот Горан Мисовски, вработен во Агенцијата за супервизија и осигурување, Фанија Костадинова – мајка на пратеникот Костадин Костадинов, вработена во ЦРМ – Струмица. Влора Бектеши – сестра на министерот за економија Крешник Бектеши, вработена во МЕПСО, Лила Пежевска – сопруга на градоначалникот на Општина Берово Звонко Пежевски, вработена во ООУ „Дедо Иљо Малешевски“, Марија Јосифовска – сестра на пратеникот Александар Кирацовски, вработена во ДУД „Мирка Гинова“, Борче Поповски- дедо на Кирацовски, Стојче Ѓорѓиев – син на пратеничката Милева Ѓорѓиева, вработена во МВР, Мерсида Рамчиловиќ – сопруга на пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, вработена во МВР, Сара Александрова – ќерка на пратеничката Емилија Александрова, вработена во Фондот за иновации и технолошки развој, Цвете Станојкоска – внука на градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јовановски, вработена во Општина Прилеп, Љубислав Несторовски – сопруг на Магдалена Несторовска, вработен во ЕЛЕМ.

Антикopyпциска ќе разгледува и како се вработила Бесија Џафери во ЕЛЕМ, ќерката на Талат Џафери, иако јавноста го отвори и прашањето за можен судир на интереси за овој случај бидејќи заменик-претседателот на ДКСК Нури Бајрами е баџанак со собранискиот спикер. Но Комисијата на првата седница донесе заклучок дека нема судир на интереси, а Бајрами изјави дека ќе постапува законски и нема да дозволи влијанија или ургенции.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This