Мисајлески за Инфомакс: Cepиозни kpитики за работата на градоначалникот Александар Наумовски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членот на Советот на општина Ѓорче Петров од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Славчо Мисајлески во интервју за Инфомакс испрати серизни критики за работата на градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски. Тој спомена низа на нереализирани проекти, а го напомена иселувањето на младите и загадувањето на воздухот како е еден од клучните проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Во однос на криминалот и реваншизмот или како што опозицијата неретко знае да го нарече политички прогон, вели дека ситуцијата во Ѓорче Петров не е ништо по различна од она што се случува во целата држава, погледнете што има да каже тој.

Што е реализирано, а што не од програмата на градоначалникот Александар Наумовски, кој е можеби најголемиот капитален проект кој тој го вети, а се уште не е реализиран?

– Прашањето е дали можеме воопшто да зборуваме за тоа кој е најголемиот ветен а нереализиран проект од страна на Градоначалникот Наумовски и локалната самоуправа со оглед на тоа што речиси ништо од оние капитални проекти кои беа предвидени во програмата не се ни започнаа а да не збориме дека се реализираа. Во секој случај доколку би требало да издвојам одредени нереализирани капитални проекти би ги спомнал: градинката во Волково, ново училиште во Хром, уредување на коритото на река Лепенец, нова амбуланта во Дексион, енергетски ефикасни објекти, формирање на јавно комунално претпријатие, изградба на отворен и затворен базен, изградба на паркинг простори, изградба на пензинерски клубови во месните заедници, поправка на троторите, музеј на цртежи и инкубатор за креативни содржини, бесплатна ужина на децата до петто одделение, театар и можност за кино, пазарче во Даме Груев и многу други помали капитални проекти кои беа ветени но нема нивна реализација . Исто би ги наведил и ветувањето што заедно со Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов го дадоа предизборно за продолжување на булевар Илинден во насока кон општина Ѓорче Петров, а да не го заборавиме и најавениот мега проект за изградба на клинички центар во Веле Поле, општина Ѓорче Петров, за којшто можеме само да слушнеме од одредени медиуми дека се уште е во фаза на проверка на земјиштето а беше најавен дека ќе го отпочнат со градба во наредниов перод но на локацијата нема никакви градежни активности.

Иселувањето е веројатно најголемиот проблем во Македонија, дали можеби локалната власт во Ѓорче Петров прави нешто за да го спречи одливот на мозоци?

-Младите се комплетно заборавени во општина Ѓорче Петров. Во буџетот на општината вооопшто не се одвојуваат средства кои би го подобриле младинскиот живот во општината, не се реализираше проектот за отворање младински инфоцентар, нема подршка за проекти кои ќе овозможат самовработување кај младите и реализација на бизнис планови, нема стипендии за млади талентирани ученици, нема средства за нови рекреативни зони, нема нови спортски терени и игралишта а и постојните кои што се не се одржуваат. Така што можеме слободно да заклучиме дека она што беше ветување за младите остана само на хартија во предизборната кампања на Наумоски.

Македонија ја тресат голем број на корупциски и криминални афери во кои се вмешани највисоките ешалони на власта, дали ова е случај и во вашата општина?

-Да збориме за криминал во денешно време каде што правната држава не функционира е еден вид на небулоза како на централно така и на локално ниво. Едноставно институциите кои што треба да го истражуваат потенцијалниот криминал не го прават истото. А за тоа дали има сомнеж за криминал и корупција можам слободно да кажам дека постои. Ние како советничка група во повеќе наврати јавно го прашувавме градоначалникот Наумовски како и на кој начин се совпаѓаше лично тој и неговите интереси во одредени проекти за кои што општината одвојува огромни средства а се земаа и заеми за истите? Како и на кој начин за една година значително се зголеми неговата имотна моќ? Како и на каков начин во првата година од неговиот мандат си обезбеди луксузно возило кое има пазарна вредност од преку 50.000,00 евра? Зашто процедурите кои што ги наложуваше Законот за спречување на корупцијата не беа почитувани од негова страна? Дали неговото индиректно влијание врз членовите од советот на општината од редовите на владеачкото мнозинство придонесоа да се изгласаат одлуки кои директно ја зголемија вредноста на неговиот личен имот и за сето тоа не беше известен ниту советот ниту антикорупциската комисија. Од друга страна градоначалникот Наумовски врши притисок над администрацијата за истите да не ни доставуваат материјали и информации каде што можеби има потенцијал за можна корупција. Тука би навел дека имаме повеќе неодговорени советнички прашања каде што не ни се доставени барани податоци како на пример на кој начин и со кои договори се потрошени 3 милиони денари за реализација на настанот Звуци на културата 2018 и 2019 година, за тоа кој и какви договорни услуги извршува за општината со што вредноста на ставката за привремени вработувања се зголеми од 6 на 12 милиони денари на годишно ниво, како се носат ДУПови за населени места во кои одредени барања преку анкетните листи се прифаќани а други не и дали притоа има селективност во зависност од интересот на градоначалникот, зашто се тргнати чуварите од дивите депонии особено од онаа најгорливата во Ново Село а притоа огромни камиони секојдневно депонираат тони смет и шут по нечија согласност (дали тука има дозвола од министерството за животна средина или пак постои сомнеж за премолкна дозвола од градоначалникот да го прават истото). Затоа би повторил дека има премногу сомнежи за коруптивност кои доколку правната држава би функционирала сериозно би се испитувале. Што се однесува на прашањето дали постои непотизам во општина Ѓорче Петров јас тука би надополнил не само што постои туку има нешто уште пострашно а тоа е обемната партизација што огранокот на СДС во Ѓорче Петров ја прави во општината преку градоначалникот Наумовски. До толку е голема партизицијата во општината што истата веќе наликува на партиска испостава на социјал демократскиот сојуз во Ѓорче Петров која пак дополнително создава тежина и притисок на останатите вработени. И таа појава не запира. На последната седница на Советот на општина Ѓорче Петров владеачкото мнозинство изгласа измена на Планот за вработување за 2019 година и предвиде нови 24 вработувања кои би требало да се реализираат во предизборниот период или пак пресметано во проценти за повеќе од 1/3 да се зголеми бројот на вработени во општината во рок од два месеци. Таква брутална партизација општина Ѓорче Петров ниту видела ниту можела да претпостави дека ќе и се случи. И сетоа тоа на крајот оди на грбот на граѓаните од Ѓорче Петров, сепак тие вработени ќе се плаќаат од нивните давачки кои наместо да се насочат за реализација на нивните неопходни потреби ќе одат во партиски предизборни цели на СДС.

Загадувањето во Скопје е енормно, главниот град неретко се наоѓа на листата најзагадени градови во светот, а токму Ѓорче е една од општините со најзагаден воздх во Скопје, прави ли нешто општината за да се справи со овој проблем?

-Проблемот со загадувањето во општина Ѓорче Петров можеби е најактуелниот проблем со кој што деновиве се соочуваат жителите на општината. Главното прашање што секој би си го поставил како од општина која што важеше за помалку загадена од останатите во Град Скопје за две години прерасна во лидер на најзагаден воздух со највисоки мерни единици за концентрација на ПМ честички. Дополнително на сето тоа одеднаш се појавија и нови жаришта на загадување кои во премолчност на градоначалникот и локалната самоуправа прераснаа во број 1 места на загаденост во Град Скопје. Пред се тука мислам на дивата депонија што се наоѓа на просторот покрај реката Лепенец во близина на населените места Ново Село, Даме Груев, Кисела Јабука, Волково и Орман. Секојдневно на неа се депонираат тони смет и шут од кои во локалната сфера се создаваат огромни количества на ПМ 10 честички, често истата се запалува и се шири чад и миризба во околните населени места. Бројни прилози од медиуми и портали излегоа во јавноста за депонијата но на сето тоа одговорот од Наумовски беше дека ќе ја чистеле на пролет а до тогаш самите граѓани нека му ја мислат! Лицемерноста на градоначалникот Намуовски одеше дотаму што лично тој ветуваше расчистување на дивите депонии за да сега во негово владеење и со негова премолчна дозвола се случува сето погоре наведено. Исто така ветуваа и чист воздух но од сето тоа нема ништо. Никакви мерки не се преземаа за да се намали загаденоста. На целокупната ситуација како советничка група побаравме во советот најалармантно да се разгледува состојбата а предложивме и краткорочни мерки за справување со загаденоста преку амандмани во Ребалансот на буџетот но од страна на мнозинската советничка група од СДС бевме одбиени. Тука се виде колку нив воопшто ги засега состојбата со загаденоста на воздухот и колку беа лицемерни и лажни нивните предизборни ветувања.

По промената на власта, голем број на членови на опозицијата посочувуаа дека имаат проблеми со партискиот реваншизам од страна на власта, дали е тоа случај и во вашата општина?

-Дали има реваншизам и бркање од работа во вашата општина? Апсолутно ќе кажам Да, има и реваншизам и бркање од работа. Имаме случаи каде што вработени кои што несакаа и неможеа да се вклопат во партизираната атмосфера која што ја наметна градоначалникот Наумовски беа распоредувани на други работни места и позииции и врз нив се вршеше страшен притисок и мобинг како пример за останатите на кои изборот им беше или да се вклопат со актуелната состојба или да го доживеат нивниот пример. Исто така имаше огромен број на случаи особено изразено во општинските јавни институции (градинки, училишта) но и во самата општинска служба каде што на вработени лица им беа прекинувани договорите за работа а на нивно место вработувани други лица по партиска препорака од огранокот на СДС во Ѓорче Петров.

Економијата во Македонија се чини веќе неколку години стагнира има ли позначајни поместувања на ова поле во општина Ѓорче Петров?

-Во однос на економската состојба во општина Ѓорче Петров би рекол дека не гледам некакви позначајни поместувања на работите во позитивна насока. Не се чувствува пораздвижена економска активност, нема нови индустриски зони, не се отвораат нови работни места. Сето она што значи активност од страна на локалната самоуправа предводена од градоначалникот Наумовски за локален економски развој едноставно кажано е неприметлива.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This