Мисајловски: Доста е со црни сценарија, Свети Николе не сака двојазичност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од Свети Николе сакаме да порачаме дека е доста со црни сценарија, доста и е на Република Македонија некој да не води во безизлез, истакна денес Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ по средбата со граѓаните од Свети Николе.

vlado-misajlovski

-Сакаме да им порачаме на СДСМ дека Свети Николе не сака двојазичност, СДСМ да почне да прави позитивни проекти за Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ тоа го прави постојано, Свети Николе е македонски град, посочи Мисајловски.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже колку силно ќе победи на 11 декември

-Ние сме позитивно насочени кон сите проекти, сакаме да стигнеме со секој еден граѓанин и да им порачаме дека сета програма која ја имаме предвидено е за нив. Ќе работиме за граѓаните, за проекти за Република Македонија. Мора еднаш да и ставиме крај на кризата и да се определиме кон нешто што е добро за Р. Македонија. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, тоа се проектите, делата, потенцираше Мисајловски кој додаде дека партијата има голем број на проекти кои треба да се реализираат во корист на граѓаните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This