МИСАЈЛОВСКИ ДО СДСМ: Да си играте со интелигенцијата на народот е навредливо, ветивте 600 километри автопати, сега не планирате да ги изградите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за транспорт и врски, Владо Мисајловски преку социјалните мрежи ја искоментира изјавата на министерот Горан Сугарески кој рече дека никогаш не ветиле 600 километри автопати во Македонија.

-Пу Пу Не важи! После една година конечно и еден “искрен” одговор од оваа влада, а тоа секако е дека никогаш ниту ветиле ниту планирале да се изградат 600 километри автопати, 550 км регионални и 1000 км локални патишта ……..

Тој потенцира дека едноставно СДСМ кажале дека ниту планираат да ги ИЗГРАДАТ патиштата ниту пак да РАБОТАТ на било какви нови проекти.

-Тоа што постојано влегуваат од лага во лага не е ништо ново, но да си играте со интелигенцијата на народот е навредливо и срамно. Не само што ВЕТИВТЕ туку ви беше едно од најголемите ветување заедно со 500 евра плата, 100.000 денари плата за докторите, итн…..пишува Мисајловски на Фејсбук.

Тој вели дека сега ќе почекаат да видат дали повторно ќе се демантираат сами себе или пак не сме ги разбрале добро како и обично.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This