МИСАЈЛОВСКИ ЗА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Ќе дадам се од себе да го направам нашето заедничко Ѓорче подобро место за живеење!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога ја добив довербата да бидам министер за транспорт, никогаш не заборавив кој сум, што сум и од каде доаѓам. Апсолвираното знаење и акумулираното искуство за сите овие години, особено последните две, ме научија што значи да се работи вредно и посветено, за доброто на својата земја, за среќата на својот народ. Сега повторно ја добивам довербата… Овој пат мотивот е уште посилен, одговорноста останува голема… Во прашање се одново мојот народ, мојата земја, но во прашање е и моето и Ваше, нашето заедничко Ѓорче, пишува на својот ФБ профил поранешниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски, кого ВМРО-ДПМНЕ го предложи за кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров.


(ФБ статус на Владо Мисајловски)

Почитувани сограѓани, Верувам дека добро ме познавате. Овде сме заедно од деца… Ги делевме училишните клупи, школскиот двор, улиците и навиките во маалата а сега тоа го прават и нашите деца.

Кога ја добив довербата да бидам министер за транспорт, никогаш не заборавив кој сум, што сум и од каде доаѓам. Апсолвираното знаење и акумулираното искуство за сите овие години, особено последните две, ме научија што значи да се работи вредно и посветено, за доброто на својата земја, за среќата на својот народ. Сега повторно ја добивам довербата… Овој пат мотивот е уште посилен, одговорноста останува голема… Во прашање се одново мојот народ, мојата земја, но во прашање е и моето и Ваше, нашето заедничко Ѓорче.

И затоа Ви ветувам и уверувам дека максимално ќе се заложам и уште поубаво, посреќно, попросперитетно… односно подобро место за живеење.

Нови проекти, објекти, инфраструктура… за добробитот на секое маало, секоја уличка , сокак, секоја куќа, благосостојба на секое семејство,просперитет на секоја единка… за сите мои другари, пријатели, роднини, соседи, познати и непознати, на сите мои драги сограѓани, нивните семејства, деца, внуци… од моето, од нашето заедничко Ѓорче. Сме биле и ќе бидеме како едно семејство, една куќа, една улица, едно маало, една населба, една општина…

Едно и единствено Ѓорче Петров од кое заедно со Вас и самиот сум дел.

Да сте ми живи и здрави, Ве чекам сите вас да се приклучите во заедничката ПОБЕДА, со отворено срце и отворена врата, во секое време и за секого… во нашето заедничко Ѓорче Петров.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This