April 19, 2024, 10:34 pm

МИСАЈЛOВСКИ: Заев и СДСМ ќе избегaaт од предлогот за кандидат мандатар за да имаат имyнитeт за тоа што го направија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заев и СДСМ ќе избегаат од предлогот за кандидат мандатар за да имаат имунитет за тоа што го направија, порачува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во интервју за Курир.

Предлогот кој го даде лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, според Мисајловски е европски и чесен. Од оваа идеја, вели партискиот потпретседател, бегаат премиерот Заев и неговите најблиски соработници за утре да можат да се заштитат самите себеси.

-Ова е интересна практика која ја има во Европските држави. Интересна е како можност, но и добра е како практика да ја примениме. Се зборува за еден шпицен кандидат, односно новиот мандатар кој ќе ја направи Владата. По Устав, секој кој ќе биде кандидат за пратеник мора да биде пратеник, но целта ни е тој што ќе победи нека ја состави Владата, но тој што ќе изгуби ајде да видиме дали ќе си поднесе оставка. Ние мислиме дека Зоран Заев по секоја цена сака да го има утре имунитетот и тој како пратеник да се заштити самиот себеси за сето она кое го направил. Не само тој, и тие најблиски луѓе околу него сигурно ќе ги видиме на пратеничките листи за да имаат имунитет, за да имаат фотелја во Собранието, да можат да се штитат поради сето тоа што го направија. Затоа ние велиме, ајде да излеземе со овој предлог, па да видиме кој ќе ја состави новата Влада, бидејќи тие се фалат дека многу добро работат, ајде да го видиме тоа. Да видиме кој ќе ја состави Владата. Многу чесно, многу европски и ракавицата е фрлена. Но, мислам дека ќе избегаат и од ова. Ова е нешто ново да го примениме во Република Македонија, а од друга страна да се види карактерот на тој што ќе биде прв човек утре кој ќе ја прави Владата, истакна Мисајловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This