March 28, 2024, 12:23 pm

МИСТЕРИЈА СТАРА 30 ГОДИНИ: Девојчиња кои биле киднапирани во 1985 година, сега се пронајдени живи и здрави

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жените, денес во своите 30-ти години, се пронајдени живи и здрави во околината на Хјустон, блиску до местото каде што живеела нивната мајка – за која се испоставило дека е киднаперката. Целото семејство со години живеело под лажни имиња, пишува CBS.

Кели (32) и Кимберли Јејтс (35) биле киднапирани во август 1985 година. Ги киднапирала сопствената мајка откако по судски пат го изгубила старателството. Без знаење на таткото ги зела децата и исчезнала…
Повеќе од 30 години подоцна, полицијата ја уапсила мајката Елејн Јејтс. Детективите рекле дека на 23 декември добиле анонимна дојава која ги одвела во Тексас. Таму ја пронашле 69-годишната жена која веднаш ја обвиниле за киднапирање.

Девојките не живееле со својата мајка, но не биле далеку. Пронајдени се во околината на Хјустон.
Во програмата на NBC се јавил и биолошкиот татко на девојките кој изразил желба за средба со одамна изгубените ќерки.

-Тие имаат татко кој ги сака и кој сака да ги види. Сакам да зборувам со нив, но на девојките е да одлучат што сакаат – рекол Расел Јејтс.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This