March 28, 2024, 12:41 pm

МИТКО ЈАНЧЕВ НЕ ПРИСУСТВУВАЛ НА ИЗВРШНИОТ КОМИТЕТ: Тој бил „За“ договорот со Грција, а партијата требало да повика на излезност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не се согласувам со одлуката на партијата во однос на референдумот. Јас сметам дека ВМРО-ДПМНЕ треба да го повика членството да излезе на референдумот на 30 септември и секој сам да одлучи за својот глас, „за” или „против”, изјави за МКД.мк Митко Јанчев, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Јанчев вели дека тој вчера не присуствувал на седницата на Извршниот комитет на партијата и дека гласал телефонски. „Колку што знам, само јас бев против ставот на партијата граѓаните, членството, сами да одлучат како ќе постапат на 30 септември. Јас сметам дека ВМРО-ДПМНЕ мора да има прецизен став, за бојкот или за излегување на референдумот. Вака топло-ладно не ѝ личи на партијата“, вели Јанчев за МКД.мк.

На прашањето за неговиот став во однос на Спогодбата со Грција, Јанчев одби да го коментира тој документ и рече дека наскоро ќе го каже својот став.

MKD.mk од партиски извори дознава, дека веќе подолго време има одредена нетрпеливост меѓу претседателот на партијата Христијан Мицкоски и потпретседателот.

Јанчев вели дека наскоро ќе информира за неговите наредни потези, пренесува МКД.мк.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This