МИТКО ЈАНЧЕВ ОЧИГЛЕДНО СЕ „ЛИЗНА ПО УДОЛНИЦА“: Тоа се луѓе кои си ја одработуваат агендата, а таа не е Македонија туку лично богатење!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фирмата од Кавадарци, која доби речиси 300.000 евра за чистење на патот кон Кожуф, не била на зетот за сестра на Митко Јанчев, туку негова – стои во денешниот демант/појаснување кое го испратија до нашата редакција од компанијата

 

Актерот и член на ИК Тони Михајловски, ова го толкува како „награда за сработеното“ во корист на актуелното владејачко мнозинство, откако по фирмата на братот на Крсто Мукоски кој гласаше за уставни измени, доби 1.1 милион евра.

„Види, фирмата се вика ‘ЈА-МИ’ значи земени се иницијалите од името и презимето. Среќа што Јелена и Билјана не отвориле фирма.“ – констатираше Михајловски, инаку фирмата би се викала „ЈЕ-БИ“ додаде пак уредникот на „Инфомакс“ Александар Митовски.

„Супер се наградени. Наградите следуваа и за Митко Јанчев. Големата улога на него беше да проба ја превземе партијата, себеси се гледаше како иден лидер, и тоа го кажуваше самиот тој не го измислив јас. Очигледно се лизна по таа удолница, веројатно не го исчстил патот!“  – рече Михајловски.

Има луѓе кои си ја одработуваат нивната агенда, таа агенда е само богатење, а не и Македонија – изјави Тони Михајловски, а тие луѓе се калкулатори и се наоѓаат внатре во Собранието додаде членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Само народот може да се одбрани од ова зло. Јас не сум убеден дека само овие 1.000 – 2, 3, 5.000 се загрижени за иднината на Р.Македонија. Ако овде се соберат 250.000, а јас претерувам со бројката – дури и половина милион – тогаш нема да има сила што ќе го задржи тој народ, нема да има доволно тврди уши кои нема да ги чујат неговите барања. Тој народ од 200-500.000 не треба да прави ништо, молчењето ќе биде најгласната порака која ќе им ги распара ушите на предавниците“ – констатира Михајловски , додавајќи дека на таква бројка и полицијата би ги фрлила штитовите.

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/516992625460814/

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This