МИТОВИ ЗА КОРОНАВИРУСОТ: Американски професор ги растура митовите за коронавирусот – прочитајте

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на катедрата за инфективни болести на Универзитетот Мериленд, Фахим Јунус, се огласи на Твитер по повод бројните заблуди кои се појавија во јавноста во врска со коронавируост. Јунус пишува дека сака да ги „разјасни работите“ и да ги „разбие“ раширените заблуди

Дали за време на летото короната ќе исчезне и каква улога имаат комарците?
Како прва заблуда Јунус наведува дека вирусот корона ќе исчезне во летните месеци и објаснува зошто тоа верување е погрешно.

„Претходните пандемии не ги следеа временските обрасци, а освен тоа, кога ќе ни пристигне летото, на јужната хемисфера ќе биде зима. Вирусот е глобален“, образложува Јунус.
Според неговото мислење, погрешна е тезата дека на лето вирусот ќе се шири побрзо поради комарците.

Јунус истакнува дека оваа инфекција се пири каптично (преку плунка), а не преку крв.

„Комарците не допринесуваат на ширење на заразата“, наведува тој.

Дали можеш да го задржиш здивот 10 секунди?
Уште една заблуда е дека „ако можете да го задржите здивот 10 секунди без нелагодност, немате корона“, напоменува Јунус. Тој укажува дека поголемиот број на младите пациенти инфицирано со КОВИД-19 можат да го задржат здивот повеќе од 10 секунди, а постарите лица без вирус нема да можат да го направат тоа.

Како следна заблуда се наведува и тоа дека не треба да се донира крв, со обзир дека тестирањето на вирусот не е достапно за секого, а банката на крв ќе тестира дали вируост е присутен.

„Ниту една банка за крв не тестира на вирус корона, така да овој обид нема да успее. Давањето на крв е хумана мисија, таа мора да биде мотивирана од вистинските причини“, наведува Јунус.

За заблудата дека коронавирусот живее во грлото и затоа треб да се пие многу вода за вируост да се „испере“ во стомакот каде киселната ќе го убие, Јунус пишува:

„Вирусот може да влее преку грлото, но продира и во ќелиите на домаќинот. Не може да се „испере“, прекумерниот внес на вода ќе ве натера да трчате во тоалет“

Сапун, најдобро средство за заштита.

Како уште една од заблудитре, Јунус ја наведува и онаа дека „средствата за дезинфекција на раце се подобри од сапунот и водата“.

„Тоа е погрешно. Сапунот и водата всушност го убиваат и испираат вирусот од кожата (не може да продре во ќелиите на нашата кожа) исто така ги чисти видливо валканите раце“, истакнува Јунус.

Тврди дека е погрешна тезата дека една од најдобрите стратегии за спречување на ширење на вирусот е сите врати во домот да се исчистат со средство за дезинфекција.

„Перењето на рацете и држењето на дистанца од други луѓе е најдобра пракса. Ако немате пациент заразен со вирусот дома, различните површини во домот не би требало да претставуваат голем ризик“, заклучува Јунус, специјалист за инфективни болести на еден од најголемите универзитети во САД.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This