Митовски: Бугарите начекаа историска шанса, тоа што го прифати Заев не го прифати никој пред него

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уредникот на Инфомакс Александар Митовски во своето гостување во емисијата „Јади Бурек“ на телевизија Сонце го коментираше односот помеѓу Македонија и Бугарија. Митовски истакна дека Бугарите начекаа историска шанса која ја чекаат речиси сто години, бидејќи ЗЗаев го прифати сѐ она пред кое не поклекна никој пред него.

„Крива била Бугарија, не ни се свиѓа тоа што ни го прават, ама за нив тоа е обична политика. Не може ние да се лутиме само на Бугарија, на Европска унија или на не знам што. Бугарија начекува историска шанса да ја стисне македонската држава и да го добие она што го бара последниве 70-80-100 години. Начекаа мек стомак, до сега Македонија и без исклучок, на сите власти, немала ваков мек стомак по било кое прашање. Значи немало каде да се стисне Бранко Црвенсковски од страна на Бугарија за да попушти пред нивните барања. Бранко, кога ќе ти каже добар ден реба да погледнеш низ прозор.. Има едно негово обраќање, токму од Бугарија, во коешто објаснува зошто Македонци земале бугарски пасоши и ми ја релативизира таа политика максимално. Никола Груевски не потклекна на барањата на Бугарија. Љупчо Ѓоргиевски не потклекна иако потпиша, Меморандум за добрососедство и соработка, во кој не беше ставен оној дел којшто се стави сега, а тоа беше околу македонскиот јазик и ревидирање на историјата. Дури ни Љупчо не го прифати тоа, Љупчо, којшто важеше за бугараш..Не го прифати Хари, не го прифати Бучко, не го прифати Шекеринска. Никој не прифати. Сега прифати Зоран. И сега, кога се прифаќа таков договор, кога се прифаќаат такви барања, а од друга страна, и Бугарите знаат до кај е влезен, зацапан Заев, тоа е мекиот стомак којшто го притискаат“, коментира Митовски.

Тој додаде дека нема да влеземе во Европската Унија, се додека не си ги средиме проблемите внатре во државата.

„Европа мора да компензира кога не ги исполнуваш условите за земја членка на ЕУ, ниту имаш капацитет којшто Европа го гледа во тебе дека ти тие критериуми ќе ги постигнеш. И тогаш Европа мора да компензира за да ги измири другите членки коишто велат овие се неспособни, ќе ни го уништат имиџот. За да ги смират мора со нешто да компензираат, ајде ќе менуваме имиња, ќе правиме ова, она, ама пак, на крајот, ние мораме да си се средиме дома за да добиеме било каква шанса за да станеме членки на некаква таква организација. Менување на името беше само потреба на НАТО, НАТО нема политички, нема економски критериуми за државата. НАТО има за цел затварање на сите можности на опосност за Алијансата. Последно беше ова јужно крили, ако не се сменеше името Грција немаше да гласа. Се затвори јужното крило НАТО, и тоа е тоа“, вели Митовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This