Митовски: Власта да ги тргне розевите очила, извештајот од Стејт департментот е сѐ освен позитивен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Митовски, во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа го коментираше извештајот на Стејт департментот за состојбата во Македонија, според кој состојбата во земјата е исклучително лоша во повеќе обласки како правосудството, затворите, корупцијата, слободата на говор и така натаму. Власта, односно провладините емдиуми во јавноста извештајот го пласираа како позитивен, не коментирајќи ги бројните забелешки.

„Извештајот воопшто не е позитивен. Тука има делови каде што се споменува тортурата во македонските затвори, немањето на услови, злоупотребата и неказнивоста на полициските службеници и затворските чувари. Се зборува за злоупотреба на притвор коишто оваа година е во пораст. Се зборува за злоупотреба на позицијата на обвинителите кои предолго ги тераат истрагите и премногу ги чуваат луѓето со одземени пасоши, во куќни притвори“, појаснува Митовски.

Тој како пример го посочи поранешниот пратеник Миле Јанакиевски кој е во притвор речиси четири години, против кого постојано се водат нови истраги, а за ниту една сѐ уште нема правосилна пресуда.

„Исто така нотирано е и недостаток на услови за фер судење, немање на еднакви оружја во судски процес, во смисла на докази и сведоци“, додаде МИтовски потсетувајќи дека и тој самиот на своја кожа го почуствувал ова кога, како обвинет не му било дозволено да поднесе листа на сведоци и докази што де факто е одземање на правото на одбрана и немањето на еднакви оружја во процес.

Kоментирајќи го извештајот на Стејт департментот за Македонија, Митовски се осврна кон состојбата со слободата на говор и прогон врз новинарите кои се критички настроени кон власта.

„Нотирани се 16 случаи меѓу коишто има и физички напади, мобинг на работа и ускратување на работнички права коишто се утврдени со колективен договор.“

Митовски, како пример се посочи самиот себе, поради осудителната пресуда која ја доби за наводно оддавање на службена тајна при објавувањето на исказите на сведокот Орце Камчев во Јавното обвинителство за случајот „Рекет“ за што доби шестмесечна условна казна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This