Митовски: Допрва ќе видиме во што сѐ било вмешано раководството на ДУИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Митовски, во своето гостување во „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа, го кометираше статусот на „бела мечка“ на ДУИ кoja веќе 20 години е на власт и е единствената партија против чии членови не се водат кривични постапки, не се водат истраги.

„Несомнено е дека на ДУИ, односно на нивното лидерство му се приближува крајот. Тие се 20 години на влласт. 20 години се во влада. И до сега за никој од нив да нема ниту еден скандал, ниту една истрага, ниту едно кривично дело, ниту еден функционер да плати некаква казна“, коментираше Митовски потсетувајќи на инцидентот кога полициски службеник беше нападнат од „пајак“.

„Мислам дека крајот на нивното лидерство, каде има превирање, има неколку фракции во ДУИ, има и најава за одење на високи функционери во Хаг. Оччекувано е да се случува ова што се случува, и мислам дека тек сега ќе видиме што сѐ правеле ДУИ. Ние сме имале блокада кога ќе се спомне името на некој функционер од ДУИ, кога бараме информации од владини институции. Кога се бара информација во врска со некоја компанија која што добила тендер а се сомневаме дека е компанја на луѓе блиски до ДУИ, добиваме блокада и не добиваме повратен одговор. Досега институционално беа заштитени, во смисла на тоа дека не треба да се откриваат нивните недела“, нагласи Митовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This