Бидејќи денес уште еднаш изиграваа шверцери во Собрание, и донесоа Закон за попис со кој дефакто легализираа однапред договорени проценти, сега е на нас редот да ги зезнеме.
Нека не ве заплашуваат со казни за бојкотирање на пописот.
НИКОЈ не може да ве казни ако не сте дома, или ако во моментот кога дошол попишувачот спиете или гледате фудбал или турски серии па не сте го слушнале ѕвончето. НИКОЈ.
Затоа, на овој попис, кога ќе заѕвони попишувачот не отварајте, гледајте телевизија и јадете пуканки. Кој ги е*е. За тоа не можат да ве казнат.
Ако за референдумот бојкотиравме со правење ајвар, сега ќе одмараме на тросед, пишува на Фејсбук, уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.