МИТОВСКИ: Премиерот ми прераскажа разговор кој го имав на телефон, додека бев сам во кола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното гостување во вестите на телевизија Алфа, главниот и одговрен уредник на Инфомакс, Александар Митовски на прашање на новинарот Горан Момировски, говореше за една случка, односно koнфpoнтација која лично тој ја имал со премиерот Зоран Заев во просториите на Владата.

Се работи за разговор кој се водел по завршувањето на владината прес конференција, разговор за кој има повеќе сведоци, а каде Зоран Заев му посочува на Митовски детали од приватен разговор кој го водел уредникот на Инфомакс додека се возел во својот автомобил.

-Ние имаме снимка од тој разговор. Заври прес конференцијата, господинот премиер ме повика на страна, ми појасни да не се нервирам понатака дека прашањата кои што сум му ги поставувал биле добри и да не виkaм по телефон. Да не бидам глacен по телефон.

Митовски во изјавата пред обвинителствooто посочи дека Јовевски треба да истpaжи дали во Македонија, некој повторно прислушkyва.

-Еве може обвинителството, Јовевски да истpaжи, ние ја имаме снимката ако сака ќе му ја дадеме па самиот нека види. Впрочем и снимателот е вечер со нас, кој што беше сведok, тој ја сними ситуацијата.

Митовски за крај уште еднаш потенцираше дека разговорот кој му го посочил Заев го водел во својот автомобил без присуство на други лица.

-Не може да ме слуша низ ходниците на Владата, бидејќи јас кога сум го кажал тоа што тој ми го кажал на мене. Јас бев во мојот автомобил. Значи јас бев сам и на телефон.

 

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/1892902237479000/?notif_id=1566677615665105&notif_t=live_video_explicit

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This