Во западните демократии новинарите како Александар Митовски, кој без страв, поштено и чесно се спротиставил на моќници како Заев&Рускоска, се наградувани за нивното истражувачко новинарство. Кај нас за жал таквите како него се казнуваат со затворски и парични казни. Така е затоа што живееме во тоталитарно-хибриден режим. Казнет е затоа што на погоре посочените марионети им ги смкна гаќите и на цела македонска јавност и покажа за какви хохштаплери и рекетари се работи.
Истиов ЛујВитон двоец им пресуди на патриотите за 27 Април неколку века робија, така што тоа што новинар на месец дена пред избори вака драконски се казнува, можеби и не е за изненадување. Единственото нешто што од овие тирани во овие неколку години нивно страховладение ние Македонците видовме се уцени, репресија и страв.
Александар (Мечка) лично го познавам и знам дека ова само ќе му биде дополнителен мотив да се бори за соборување на оваа хунта. Меѓутоа уверен сум дека оваа неправда нанесена врз него ќе биде дополнителено уште поголем мотив за сите нас останати да им излеземе на 12-ти Април и да им покажеме на Заев & Co, кој е газда во Република Македонија и со пенкало во рака најбрутално ги казниме за сите злодела и понижувања што ни ги нанесоа!
#ДолеХунта
#ПравдаЗаМечка