April 25, 2024, 10:41 am

Митовски: Филипче едвај спacи жива глава, не може да имаме нормално општество кога во болницa живи гopaт 14 луѓе и нема оставки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Митовски, главен и одговорен уредник на Инфомакс, во вечерашното гостување во емисијата „Јади бурек“ на ТВ Сонце, зборувајќи за актуелната состојба во Македонија, се осврна и кон трагедијата во Тетово, каде во пожар во модуларна болница изгореа 14 лица, а досега никој не понесе одговорност за тоа.

„Оваа ситуација е сѐ, само нормална не. Луѓето тоа го впиваат и стануваат такви каква што е нивната средина. Не може ние да имаме нормална средина во општество во кое што во болница живи горат 14 луѓе. Јас бев вечерта таму, тоа беше страшна глетка и да не бидам многу морбиден, уште пострашна миризба. Цело Тетово беше.. траорна беше ситуацијата таму. Во таква ситуација, да немаме оставка, да немаме морална одговорност или да имаме фингирана морална одговорност, демек еве јас понудив, па ти ако сакаш прифати ја и утре нема да ја прифатам. Нема во таква ситуација, со таква власт, со такво раководство во државата, нормална остојба нема и ретко затоа и гледаме нормалност околу нас“, истакна Митовски.

Митовски посочи дека навиститна е морбидно она што се чувствувало во тој момент од мирисот, од ситуацијата, од луѓето коишто беа собрани таму, од полиција, војска.

„Страшна ситуација. ВО таа ситуација јас очекуав најмалку дека барем Филипче ќе си даде оставка веднаш уште вечерта. Не, напротив имаше еден дополнително арогантен однос, па се појави пред тие луѓе, пред тие семејства таму да им објаснува дека сѐ ќе биде во ред. Не знам што мислеше да каже кога дојде таму, ама за малку избега од голема ескалација, за малку се спасија да не им летнат главите тука на лице место. Имаше многу полиција што ги обезбедуваше. Дојдоа, беа навредувани, се пушти маса на луѓе. семејствата, сите беа таму собрани. Полицијата ги спаси некако, ги извади, ги внесоа во општина, по 15 минути избегаа. Тогаш се насобра огромна полициска сила. Сигурно имаше 600-700 полицајци таму, плус некои со маскирни униформи, дали беа војска или сппецијални единици на МВР, не сум сигурен. Дојде обвинител, нас новинарите не избркаа, не смеевме да фотографираме, не смеевме да снимаме, дури на тој пренос во живо којшто го имав јас од таму се слуша како се расправав со еден од полицајците, не бркаа за да не снимиме што се случува во моментот таму и како се врши увидот. Затоа што, знаетте, кга се врши увид веднаш по некој таков настан, важно е дали доказите се добро обезбедени и дали со доказите некој ќе манипулира. Затоа што тогаш се гледа дали се манипулира со докази и тогаш може да се манипулира со докази, да се тргне да се стави некој друг. Не избркаа сите, нормално новинари сме, најдовме др влез, снимивме сѐ, но не знам, после таа ситуација, ја не гледам нормалност во оваа држава.“, рече Митовски.

„Мојот заклучок е дека грешката е направена уште кога се набавувани модуларните болници, уште кога е правен планот и кога се направени проектите како треба да изгледа и како треба да биде изведена таа модуларна болница. Гледавме еден експерт на телевизија имаше изјава, којшто вели дури и да имало ситуација во којашто дефрибилатор или полнач за мобилен направил спој, треба да има осигурачи, би требало таа склопка да прекине. Во таа ситуација, не прекинала, односно ако се ужарил толку многу тој кабел, тој спроводник, тоа значи дека немало склопка, немало осигурач којшто би ја прекинал струјата и затоа се ужерил току спроводникот и ја запалил таа пур пена. Кога би имало склопка, нели, не би се запалила. Проблемот е од таму, и многу е небулозно да слушаме дека не постои одговорност кај првите луѓе од министерството за здравство, којшто го одобриле тој проект, ставиле параф, за тој проект за биде тендериран и да бидат постаавени такви модуларни болници. Значи тоа мора некој да го види пред да се тендерира, пред да се инсталира, пред да се изгради. И сега ли ќе збориме за кабелот дека бил виновникот? Нема врска..“, потенцира Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This