April 20, 2024, 11:47 am

МИХАЈЛОВСКИ: Во списоците за следење се наоѓале само Македонци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нашата земја е нападната по сите основи, тоа и ден денес се случува. Крајното напаѓање, она најдрското, најбезобразното е со војна, но и самите знаете дека војната не се води само со пушка и не е куршумот единственото оружје кое може да го убие човек, истакна актерот Тони Михајловски на вчерашнјата трибина на бранителите „Секогаш спремни“.

toni

-Филип Петровски објави илјадници страници од следењето на Македонците, уништувањето каде најголемото оружје е зборот. Оној лошиот, кажан за другиот сè со намера да се деградира да се уништи, да му се поништи фамилијата и верувале или не во тие списоци секогаш се наоѓале само Македонците. Оние кои сакале да си ја одбранат земјата, народот, јазикот, религијата, да си ја одбранат Република Македонија. Бранителите на оваа земја отсекогаш биле во црните списоци а оние кои што 50 години ја уништувале Република Македонија. И видете чудо ’90 години победија бранителите на Република Македонија. Нивниот систем не успеа да го уништи она суштинското во нас, да се сака сопствената земја, народ, да се направи се што може да се одбрани својата земја вклучувајќи го во тоа вложувањето на сопствениот живот, истакна Михајловски.

Тој истакна дека како земја сме биле нападнати по прашањето на името кое го смениле преку ноќ непрашувајќи нè дали сакаме.

-Нападнати бевме и по прашање на знамето и тоа го сменија непрашувајќи нè, нападнати бевме и територијално и ја распарчија Македонија така како што им одговара на нив. Нападнати бевме 2001 во нешто што ни самите не знаеја како да го дефинираат, па најточниот збор им беше конфликт. Ние сме имале сите конфликт и знаеме дека завршува така. Како да им објасниме на децата на оние 80-90 загинати, исчезнати дека нивните родители загинале во конфликт? Јас мислам дека никогаш нема да им го кажеме тоа. Нивните татковци загинаа во војна, света војна за Република Македонија, вели Михајловски.

Нас, вели актерот, некој нè убедува сега дека треба да имаме соживот, а јас имав живот претходно.

-Сега некој нè убедува дека Македонија треба да биде двојазична и треба да најдеме начин како да ја одбраниме Македонија од такви идиоти. И повторно бранителите се тука, не мора да ја земеме пушката, треба да најдеме начин како да се одбраниме. Мојот одговор е да се здружиме, да бидеме сите заедно, затоа што тупаницата кога е стисната е силна, а кога е раширена секој прст можете поединечно да го скршите. Тоа беше нашата, вашата сила, на секој еден во 2001 во Македонија. Мислам дека имаме света должност да го направиме тоа и имаме интерес кој е вечен – Македонија. Оваа земја не ја наследивме од нашите дедовци, оваа земја им ја должиме на оние кои доаѓаат после нас. Со што се разликуваме од другите, овде гледам само Македоници, а таму гледам бивши југословени како патат по својата умрена земја, тој жив мртовец сакаат се уште да го носат како префикс пред името на нашата земја Македонија, вели Михајловски.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This