МИХАЈЛОВСКИ: Предавниците секогаш мислат дека се на вистинската страна нa историјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Актерот Тони Михајловски анализира дека предавниците низ историјата секогаш мислеле дека се на вистинската страна, а поробувачот го величале на ниво на ослободител. Преданвниците вели тој секогаш барале да бидат запишани како херои, но хартија трпи се. Михајловски потенцира дека народот нема да заборави и ќе ги учи новите генерации која е вистината, а таа меморија е посилна од уставни измени и како што вели компромиси со злото.

-Предавникот секогаш бил, за него, на вистинската страна низ историјата. Секогаш со поробувачот, величајќи го до ниво на ослободител. И секогаш, предавникот, барал да биде запишан како херој, кога веќе помогнал да се убијат вистинските херои. Но, хартијата трпи се, па дури и најголемите лаги. Колективната меморија пак, вели поинаку. Таа не трпи туку памети, и го пренесува тоа од колено на колено, од уста на уста, преку збор или песна. Таа колективна меморија ретко се наоѓа во историјата, од проста причина што не знае да лаже. Нема таква задача. Тоа е пирејот што не се ништи, и доказ за нечие, во случајов македонското постоење. Таа е збир на индивидуални мемории и затоа не може да биде искривоколчена и наметната. Велат, се додека живее еден што памети нешто, и тоа нешто ќе живее. Можете да крстите, да прекрстувате, да земете колку сакате и да присвоите за себе. Можете да не вратите 11 векови назад. Силата е на ваша страна, а народот е исплашен, ограбен и гладен. Но некои од нас вечно ќе паметат кои се, и така ќе ги учат и оние кои доаѓаат по нив. Таа меморија е посилна од сите ваши амандмани, устави, закони и компромиси со злото, пишува Михајловски.

Предавникот секогаш бил, за него, на вистинската страна низ историјата. Секогаш со поробувачот, величајќи го до ниво на…

Posted by Toni Sanac Mihajlovski on Sunday, January 13, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This