Мицевски: Амандманите на опозицијата се kpик за нeyстaвноста и нeдeловничкиот начин на однесување на власта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Kоординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска изјави дека големиот број амандмани што ги поднеле на предлогот за измена на Деловникот за работа на Собранието се резултат на, како што посочи, неуставноста и неделовничкиот начин на однесување на власта.

-Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ има поднесено 1350 амандмани, а вкупно од целата опозиција имаме околу 3000 амандмани. Тоа е едноставно крик на опозицијата врз основ на неуставноста и неделовничкиот начин на однесување и врз основа на она што го прави власта во изминатиот период. Ние преку процесот Жан Моне разговаравме преку европски вредности за донесување на Деловникот, со консензус. За жал тоа не беше послушано од страна на власта и единствен начин за одбрана на Уставот и Деловникот во Собранието е поднесување на огромен број на амандмани за блокирање на самата седница, рече Мицевски одговарајќи на новинарско прашање.

Во Деловникот, додава тој, јасно пишува на кој начин се одржуваат седниците и согласно член 69 од Уставот пратениците треба да бидат присутни внатре во салата.

-Онлајн Собрание во моментов не може да се одржи во Република Македонија. Во врска со она за што не обвинува власта во овој момент, јас ќе ве потсетам и ќе побарам од вас медиумите да ја побарате седницата од 18 јануари 2007 година кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, а СДСМ тогашна опозиција, таа поднела околу 5000 амандмани за блокирање на Деловникот. Така што, однесувањето на СДСМ кога се на власт и кога се во опозиција е сосема различно. Затоа обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ кочи некој процес не е во ред, затоа што донесувањето на Деловникот се прави консензуално и пред се’ со почитување на Уставот и Деловникот, рече Мицевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This