Мицевски го избрусил сонцето, за да не биде газено, Алексовски го праша: И Американците не разбираат, па ги ставиле на под нивните симболи?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, за брусењето нa симболот од Кутлеш на плоштадот во Крива Паланка срeде полициски час вели дека на ниту едно знаме, на ниту еден симбол не му доликува да биде ставен на земја и да биде газен.

На неговото правдање за брусењето на 16  кракото сонце од плоштадот, веднаш му одговори екс градоначалникот Арсенчо Алексовски:

Немало да бидат повредени чувствата на граѓаните? Па зошто тогаш им се обраќаш на граѓаните во врска со нивни повредени чувства? Не требало да се гази ничиј симбол, па зошто тогаш општинскиот грб ќе го ставаш да се гази. Ќе имало грб на општината, па има место и за него, но не уништувај направи нешто ново. Ѕирни во мојата програма и направи нешто од неа, зашто твојата самиот ја прогласи дека е за бришење на под, бидејќи работиш проекти од мојата програма. Едно е сигурно: Граѓаните ќе не вреднуваат по тоа кој што направил. Јас го направив плоштадот заедно со Сонцето од Кутлеш, а ти си тој што ги копаш и уништуваш, – па сега самиот процени чија вредност е поголема. А сега да те прашам – и овие ли не разбираат па ги ставиле нивните историски симболите на под?- истакна Алексовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This