Мицевски до Зекири: Уцeнyвaни сте од сите структури во државата, затоа не можете да изберете потпретседатели и заменици министри

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Пиpoва ви е победата, и со победата се соочувате секојдневно. Затоа што уште не можете да одберете потпретседатели на Собранието, заменици министри, од причина што сте уцeнувaни како владејачка партија од сите структури во државата“, нагласи Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“ при своето гостување во емисијата „Топ Тема“.

Мицевски додаде дека СДСМ пред избори велеше дека кадрите на ДУИ се kpиминалци и треба да заминат во опозиција, а сега направија заедно влада.

„Дали се тоа истите тие kpиминалци кои што ги нарекувавте, кои што ви седат во различни ресори во Владата, дали се тоа истите тие kpиминалци кои што од ДУИ ги планирате за заменици министри и за директори на поголемите јавни претпријатија во државата“, запраша Мицевски.

Мицевски посочи дека само СДСМ може се и сешто да ветува на граѓаните пред избори, и на крај ништо да не исполни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This