April 26, 2024, 11:06 am

Мицевски: Кредибилноста на СЈО е на многу ниско ниво

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За подобра Македонија“ при гостување на емисија „Отворено на Алфа“ говореше за кредибилноста на СЈО.

Кредибилноста на ова СЈО е на многу ниско ниво. Дел од повисокиот тим на СЈО го изгуби кредибилитетот затоа што покрај селективноста во предметите во процесите, покрај тоа што се претвори во алатка на власта за расчистување на сметки со опозицијата, покрај тоа што се појавува во јавноста со одредени обвиненија во периоди кога треба да се покријат други дејанија на власта во Република Македонија, нагласи Мицевски.

Според Мицевски треба да се седне, да се разговара и сите оние забелешки кои ќе ги имаат работните групи да бидат ставени на хартија, да не се брза со тајмингот. Затоа што придонесувањето на еден ваков закон и продолжување на работата на СЈО, треба да се има квалитетен закон кој што ќе ги стави во рамки на системот и нема да бидат привилегирани во однос на обвинителството.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This