Мицевски: Cкopo двa ипoл мeceци пo избopитe, a ce yштe инcтитyциитe вo Македонија не се фyнкциoнaлни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес на собраниската седница се обрати и Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“. При своето обраќање посочи дека главен белег на оваа влада е непочитување на правото, криминал и корупција.

„Сакам да го изразам својот револт кон начинот на текот и водење на самите седници во Собранието. Затоа што ова веќе не знам која по ред е седница иако е најавена да почне во 11 часот, почнува во 14:30 часот“, истакна Мицевски.
Мицевски додаде дека тоа го посакува владиното мнозинство. Владиното мнозинство посакува да започнуваат подоцна седниците за да се избегнат медиумите, јавноста, директно да се следи дебатата од страна на пратениците од опозицијата. Иако е полна уста на владиното мнозинство со транспарентност сепак за жал ја нема.

„Согласно статутот на СДСМ, член 46 каде што се опишани обврските и надлежностите на генералниот секретар, во став 8 вели –„Функцијата генерален секретар на СДСМ е несполива со функции во извршната власт“. А, ние повеќе од 30 дена имаме вицепремиер кој што треба да се бори со криминалот и коруптивните дејанија во Република Македонија, а од страна на СДСМ, од страна на г. Заев , од страна на одговорните во државата, прво за она што сме детектирани како хибриден режим и земја со високо ниво на корупција и криминал, останува да генерален секретар на СДСМ да биде вицепремиерот кој што е задолжен за таа работа. А, согласно член 46 став 8 како што реков има неспоивост на извршната функција која што ја има со функцијата која што ќе ја раководи“, посочи Мицевски.

Мицевски појасни дека граѓаните се сведоци каде што Љупчо Николовски од министер за земјоделие премина во генерален секретар на СДСМ, и тогаш истиот ден требаше да даде оставка од министер. Но за жал тоа сега не се случи. Не треба власта да ја третира државата како партија, бидејќи треба да се почитуваат законите, Уставот.
„Владата конституирана на 30-ти август, а денес сме 22 септември, 22 дена после конституцијата на владата ние имаме предлог за заменици министри кои што треба да работат. Или 48 по конститутивната седница, или 68 дена, тоа е скоро два ипол месеци по изборите, а се уште нашите институции во Република Македонија не се функционални“, нагласи Мицевски.

Мицевски додаде дека тој и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да дадат поддршка за кадрите на власта. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде голем коректив на сите нерегуларности кои што ќе се случуваат и се случуваат во државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This