April 25, 2024, 11:37 am

МИЦКОВСКИ: Зоран Заев во вчерашното интервју лажеше, а лагите не може да ги покријат очекувањата на граѓаните од новата влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев во вчерашното интервју како Премиер на Владата на Република Македонија имаше несигурен и површен настап, без никаква суштина, со многу празнини во однос на политиките кои планира да ги реализира новата влада, истакна на денешната прес-конференција Христијан Мицковски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Христијан Мицковски.

Синоќешниот настап во јавноста предизвика сериозна загриженост во однос на капацитетот на Заев и неговата влада заради правецот во кој што во иднина ќе се движи Република Македонија. Заев упорно повторуваше дека е оптимист, но прашање е колку граѓаните може да бидат оптимисти.

Зоран Заев во вчерашното интервју лажеше. Лагите не може да ги покријат очекувањата на граѓаните од новата влада и ветувањата кои ги даваше. Лагите на Заев нема да го подобрат стандардот на граѓаните. Тие очекуваат од него да ги исполни ветувањата што ги даде пред избори, а не со манипулации и дезинформации да ги дефокусира од обврските кои ги превзеде.

Заев лажеше дека кој било од ВМРО-ДПМНЕ во разговорите со СДС побарал каква било амнестија. Човек што е два пати аболициран за криминал веројатно со ваквите дезинформации сака да си подготви терен и за трета амнестија за случајот „Поткуп“. ВМРО-ДПМНЕ и досега во повеќе наврати демантираше дека воопшто се разговарало со Заев на оваа тема.

Заев излажа дека во буџетот се останати само 6 милиони евра. Неговиот министер за финансии се пофали дека на 5-ти јуни се исплатени околу 77 милиони евра од буџетот на име на субвенции, стипендии и пензии. Вистината е дека новата влада на СДС во буџетот доби 130 милиони евра, освен ако Заев не сакаше несвесно да признае дека 124 милиони евра мистериозно исчезнале.

Заев лажеше дека јавниот долг изнесувал над 50% од БДП, а дека скриениот долг изнесувал над милијарда евра. Фактичката состојба гласи дека јавниот долг на 30.04.2017 година изнесувал 45,9 %. Со овие паушални бројки и лаги, Зоран Заев и практично го загрозува кредитниот рејтинг на Република Македонија и ризикува кредиторите во иднина да бараат повисоки каматни стапки.

Начинот на кој што Зоран Заев пристапува кон суштинските прашања е крајно несериозен и загрижува.

Опасно е човек на негова позиција да ги релативизира сите прашања и дека бега од конкретни одговори и одговорност. Граѓаните од него не очекуваат лаги и манипулации, туку очекуваат да ги исполни ветувањата што ги даваше пред избори. Граѓаните очекуваат Република Македонија час поскоро да стане членка на ЕУ и НАТО без да се задира во идентитетските прашања и без штетен договор кој би бил на грбот на македонскиот народ. Граѓаните очекуваат нови 500 километри автопат, а не лаги како изградбата на постојните била закочена. Граѓаните очекуваат 16.000 денари минимална плата и 30.000 денари просечна, а докторите очекуваат плата од 100.000 денари просечна плата. Граѓаните очекуваат економски раст од 5% годишно и поврат на 15% од ДДВ.

Тоа што досега го гледаме се само антиреформи. Единствени чекори на новата влада се најави за уривање, блокади и укинување. Граѓаните не гласаа за тоа.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This