МИЦКОВСКИ ЈАСНО И ГЛАСНО ДО МЕРКЕЛ: Договорот со Грција не можеме да го поддржиме!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес оствари средба со германската канцеларка Ангела Меркел која е во посета на Македонија.

-Средбата помина во исклучително пријателска атмосфера помеѓу две сестрински партии кои се дел од Европската Народна партија. Разговаравме околу актуелната политичка ситуација во државата, акцент беше ставен на референдумот кој ќе се случи на 30 септември. На средбата ги истакнав позициите кои ВМРО-ДПМНЕ ги имаше во изминатиот период за тоа зошто ВМРО-ДПМНЕ не може да го прифати овој Договор и зошто ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со содржината на овој Договор, истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ја информирале канцеларката за акцијата во рамки на „Лето за Македонија“.

-Информиравме дека во текот на наредната недела партиските тела на ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат состанок и ќе биде донесена конечната позиција. Генерално акцент беше ставен на актуелните политички случувања во државата, нагласи Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This