March 29, 2024, 10:00 am

МИЦКОСКИ:Полициските службеници не заслужуваат да бидат нарекувани убијци и монструми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, испрати порака по повод Денот на полицијата:

Почитувани полициски службеници, херојски и патриотски е да му служиш на сопствениот народ и држава. Херојски и патриотски е да ја штитиш безбедноста на граѓаните и територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија. Полициските службеници го докажаа тоа во безброј наврати. Покажаа дека интересите на граѓаните и државата се пред нивните лични интереси и дека не се плашат да ги ризикуваат и сопствените животи кога е во прашање татковината. Полициските службеници не заслужуваат да бидат навредувани и девалвирани. Полициските службеници не заслужуваат да бидат нарекувани убијци, монструми и по нив да се удира со камења, шипки и молотови коктели. Полициските службеници не заслужуваат лицемерие и не заслужуваат да слушаат преку медиуми како премиерот Зоран Заев правел политички договори за ангажман на лица кои што се наоѓаат на црната листа и за кои кружеле информации дека биле инволвирани во убиства на полицајци. Сведоци сме дека во последнава година дена постои целосно разорување и деградирање на стандардите и професионализмот. Сведоци сме на апсурдни образложенија дека „пајак возилото“ ја нападнало вашата колешка, само за да се заштитат одредени политички моќници. Сведоци сме дека криминалот, изнудите и насилството завладеаја низ улиците на целата држава. Вие секојдневно ги ризикувате сопствените животи за да се справите со криминалците, а власта заради политички пазарења ослободува илјадници насилници од затвор. Така е, заради тоа што целото раководство на партијата на власт е во коалиција со криминалот. Така е заради тоа што и премиерот и првиот човек на Министерството за внатрешни работи почесто се во друштво на криминалци и се фотографираат со нив, отколку што работат на решавање на проблемите на чесните полицајци. Почитувани полициски службеници, денес е ваш ден и имате целосно право да се чувствувате горди на професијата што сте ја одбрале и заклетвата што сте ја дале. Верувам дека и во овие тешки времиња за државата, кога неодговорната власт го урива целиот систем, Вие повторно ќе бидете на ниво на задачата и ќе го зачувате вашиот професионален интегритет.
Денеска истовремено е ден кога целата држава оддава почит кон сите припадници на полицијата кои ги дале своите животи за безбедноста на Македонија и кога се сеќаваме на нивната жртва.
ВМРО-ДПМНЕ било и ќе остане на ваша страна и на страната на оние кои си ја сакаат татковината. Секогаш ќе ја имате нашата поддршка. Оваа неспособна и ненародна власт наскоро ќе замине и повторно ќе го вратиме достоинството и статусот што го заслужувате.
Нека Ви е честит 7 мај, Денот на полицијата.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This