МИЦКОСКИ:СДСМ води проект за уништување на Македонија и проект да не постои ВМРО- ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Чаир, каде оствари средба со голем број на членови и симпатизери на партијата.

Мицкоски пред насобраните кажа дека ова што се случува е национален проект на СДСМ на понижување, омаловажување и уништување на Република Македонија, а паралелно има процеси преку уценети и инструирани структури кои се обидуваат да се нанесе сериозен удар врз ВМРО-ДПМНЕ и врз самите членови.

Мицкоски посочи дека според „Транспаренси Интернешнл Македонија“ е падната за 50 места или на 112 место на индексот на корупција што не сместува некаде со Танзанија и Етиопија. Мицкоски исто така ги посочи процесите што се водат против ВМРО-ДПМНЕ и против членовите под раководство на „Кацарска судството“ и на „Рускоска обвинителството“.


„Ќе се појави некој сведок кој ќе каже како тоа ВМРО-ДПМНЕ било вакво или такво и како пратично ВМРО-ДПМНЕ се претстави во јавноста како злосторничка органзација за да им се даде потоа правен легитимитет за овие структури да можат да нанесат уд ар врз ВМРО-ДПМНЕ и практично да го забранат ВМРО- ДПМНЕ да постои. Затоа што така ќе бидат најсигурни. Тоа е проектот кој го прави СДСМ преку своите структури во судството, обвинителството со нарачани сведочења и решението е да се побара правен основ да не постои повеќе партијата“, рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски ги наброја сите неуспеси на оваа Владата во полето на здравството, образованието, труд и социјала реформи односно сите оние работи кои ги ветуваа за време на парламентарни и локалните избори за кои немаат никакви резултати. Дури и тие што им беа оставени ги сопреа.

Мицкоски се осврна и на протестите кои се организираат против оваа власт. Тој притоа кажа дека има притисоци и закани за губење на работните места кои е свесен но дека и покрај ваквата ситуација според него мора да се покаже пркост и дека не може да се остане нем и глув по се ова што ни се случува.

„После првиот наш протестен марш што ни се случи пред владата минатата среда 15 луѓе кои сосема случајно учестувале и биле присутни на тој марш во 6 утрото имаа рација од страна на МВР. Денеска истото се случува ширум Македонија. Имаме докази за претреси во Велес, Охрид и тоа повторно со наоружани припадници на МВР и им се одзимаат нивните лични предмети“, рече Мицкоски.

Мицкоси го спомна скандалот со новото прислушкување на судиите и јавните обвинители и притоа запраша како може да им се верува на нив и во нивната независност. Тој посочи дека потребна е поддршката од нашите сограѓани и дека повеќе не смее да се излезе со ветувања за она што не може да се исполни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This