Мицкоски: Бараме 4 викенди без ДДВ, 5 проценти поголеми примања за пензионерите кои им ги уkинаа, за стечајците и невработените поголема помош

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на телевизија „Телма“ истакна дека опозицијата нема да ја поддржи изборната измама која што ја прави Владата на СДСМ на чело со Зоран Заев. Тој елаборираше дека голем дел од ветувањата дадени пред избори на СДСМ се испоставија како лага, а како пример ги посочи ветените викенди без ДДВ и најавеното покачување на пензијата за 5 проценти. Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе предложи законски решенија кои што ќе бидат во корист на граѓаните и навистина ќе им помогнат да ја пребродат економската криза во периодот што следува.

-Тие законски решенија не се изработени и допрва треба да се изработуваат. Се уште не се влезени во Собраниска процедура. Еве јас ќе ви кажам дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи законско решение каде што ќе имаме викенд без ДДВ помеѓу 10 и 12 октомври бидејќи на граѓаните им беше ветено дека ќе имаат најмалку 4 такви викенди во месец септември. Месец септември завршува, немаме повеќе викенда во месец септември, но тоа беше предизборно ветување. Добро во ред не ја говореле вистината, избори биле тогаш се обиделе на некој начин да ја изиграат вољата на граѓаните. Но еве сега завршија. Ние ќе предложиме тоа што е ветено да се исполни, односно бидејќи треба да претстојат измени во Законот за ДДВ наместо еден викенд да бидат 4 викенда, односно тоа што им беше ветено на граѓаните. Еве ние нема да поддржиме картички по 6 илјади денари за пензионерите, но затоа ќе побараме законски измени со кои што ќе бараме они ветени 5 проценти ветени пред изборите покачување на пензиите, за сите пензионери, не само за одредена таргет група. Бидејќи овие 6 илјади денари за една година се по 500 денари за определена група на пензионери. Еве ние ќе го побараме тоа што беше ветено пред изборите, а тоа беше 5 проценти покачување на пензијата. Ќе побараме за стечајците за невработените поголема процентуална помош од државата наместо ова кое што денеска се обидува преку милост да го даде владата и помпезно го најавува иако не се изготвени законските решенија, вели Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This