March 29, 2024, 11:39 am

Мицкоски: Без разлика дали сте во опозиција или сте во владата, треба интересите на граѓаните да ви бидат приоритет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време својата посета во Брисел истакна дека Македнците се разочарании по 15 години поминати во чекалницата на Европската унија, и покрај суштинските реформи шшто беа направени в оземјата за тој период.

„Прво тоа што го кажав е дека граѓаните на Македонија се разочарани затоа што 15 години сме во чекалницата иако имаме направено можеби изминативе 15 години суштински реформи кои се многу понапредни од некои земји членки на ЕУ. Македонија многу пати во минатото застанала во одбрана на интересите на европскиот континент и на самата ЕУ кога беше и последниот бран со емигрантите што се случуваше на нашата јужна граница. Македонските граѓани споделуваат европски вредности исти онакви какви што споделуваат и граѓаните на земји членки на ЕУ и тие заслужуваат и после сето она што го направија и после сите неправди кои се нанесоа на македонскиот народ да почнат преговори со ЕУ“, изјави Мицкоски.

Тој истакна дека Македонија заслужува што поскоро да ги отпочне преговорите, и дека тој ќе направи сѐ што е во негова моќ да помогне да започнат пристапните преговори.

„Ние тоа го заслужуваме и го бараме час поскоро да стане наша реалност, реков дека јас не сум како политичарите од СДСМ кои кога беа во опозиција кодошеа овде, навредуваа и молеа Бога Македонија да не успее за да можат тие политички да се реализираат. Напротив таа битка ќе ја оставам за дома и таму ќе ги поразиме на следните локални избори, а овде се бориме за Македонија, се бориме за македонскиот народ и бараме од нашите сестрински партии од нашите пријатели со луѓето со кои денес и утре ќе разговарам да ни помогнат конечно еве во декември е следната шанса на следниот европски совет, а зошто да не и порано Македонија да ги почне преговорите“, вели Мицкоски.

Затоа што без разлика дали сте вие во опозиција или сте во владата треба интересите на граѓаните да ви бидат приоритет. Политички измамници и политички циркузанти продефилирале и дефилираат на македонската политичка сцена, но она што ни е потребно е вистинска мисла вистинска идеја, вистински разговор и аргументи. Аргументите се на наша страна, на страната на македонскиот народ, македонските граѓани и нашата Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This