МИЦКОСКИ БИЛ ДОБРОВОЛЕЦ ВО АРМИЈАТА НА Р.МАКЕДОНИЈА: Убавината во ставот на ВМРО-ДПМНЕ е тоа што секој може да донесе сопствена одлука – не се работи за недостиг на храброст

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Нашиот став ви го кажав барем 10-тина пати во емисијава, ако е неопходно и нужно еве и 11-ти пат ќе го повторам“ – беше одговорот на Мицкоски во вечерашното гостување на 24Вести на интервју со новинарката Душица Мрѓа, која многумина ја отпишаа од новинарството по гостувањето на Мицкоски

 

„Не станува збор за прашање кое ја допира мојата храброст, јас сум прилично храбар човек. Тоа се покажало во многу наврати во минатото, дури и кога сум се пријавил за доброволец во АРМ, каде што сум бил дел од гардискиот батаљон. Така што не станува воопшто збор за храброст, политиката е прагма“ – истакна Мицкоски, на прашањето кое Мрѓа го постави безброј пати во текот на емисијата, очекувајќи лидерот на опозицијата да „лизне“ на одговорите.

Мицкоски истакна дека убавината во ставот на ВМРО-ДПМНЕ е во тоа што секој може да си донесе сопствен став, да каже сопствено мислење и да донесе лична одлука за прашање кое не е партиско, туку национално, а одговорот е само на граѓаните и не смее да биде манипулиран од политичките партии.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This