Мицкоски бapa бecплaтнo тecтиpaњe зa здpaвcтвeнитe paбoтници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски предложува Владата да организира бесплатно тестирање еднаш во месецот за сите здравствени работници кои имаат потреба и кај кои постои најголем ризик да заболат.

-Поради специфичноста на нивната професија, тие се принудени по неколку пати во месецот да плаќаат за тестирање, бидејќи термини за тест преку матичен доктор нема, не дозволува системот или првиот слободен термин е многу доцна. Да ги заштитиме здравствените работници, нивните семејства, а со тоа да ги заштитиме и пациентите кои имаат потреба од здравствена услуга- стои во објавата на Мицкоски на Фејсбук.

Два дена последователно Мицкоски бара да се ослободат од работа хронично болните лица, како и бремените жени, кои се во голем ризик поради пандемијата со ковид-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This