Мицкоски: Владата за да не изгyби политички поени ја зголеми цената на струјата веднаш по изборите, ги кpaдат граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Цената на електричната енергија се одредува со важност од први јули, годинава за прв пат тоа се случи од први август. Целта на власта беше јасна и единствена и за да не се гyбат политички поени. Шверцерски ја зголеми по изборите иако според мене не требаше да се зголеми поради тоа што голем дел оди за универзалниот снабдувач, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата Топ тема на телевизија Телма.

-Ако цената се определува од први јули, а сега се најавува од август јасно сега се поставува прашањето зошто е тоа така. Одговорот е многу едноставен, затоа што имаше избори и на сите им беше јасно дека цената на електричната енергија за граѓаните кои ја добиваат од универзалниот снабдувач ќе биде поголема. А зошто на сите им беше јасно, затоа што е нерeално голем процентот кој го има универзалниот снабдувач објасни Мицкоски.

Според Мицкоски математиката на владата е јасна не сакаа да гyбат поени и Владата и сугерира на Регулаторната комисија тоа да се одложи и да го направи и објави за од први август

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This