МИЦКОСКИ: Владата префрлаше пари во државната МЕР за да вештачки ги зголемат капиталните инвестиции кои во реалноста ги нема

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисија „Економски Магазин“ истакна дека има вештачки пораст на капиталните инвестиции. Имено Мицкоски го посочи случајот во кој биле префрлени над триесетина милиони евра во Македонски енергетски ресурси .


– Во суштина капиталните инвестиции пораснаа затоа што навидум биле префрлени триесетина и нешто милиони евра во МЕР(Македонски енергетски ресурси), кој што требало да го докупи делот во ГА-МА.Нормално тоа не се случило и сега што правиме?Еве повторно уште една лага , вели тој.

Според Мицкоски не се точни тврдењата од страна на министерката за финансии, Нина Ангеловска која што пред еден месец тврдеше дека има реализација на капиталните инвестиции од 78%.

-Како може да тврди кога таа на 10 декември тврдеше едно, но доколку ја прашавте на 10 јануари истата таа министерка ќе ви кажеше дека не е така. А зошто не е така? Затоа што парите биле префрлени од Министерството за финансии до МЕР за да го откупат делот во ГА-МА , од 35 до 36 милиони за да после тоа на 10 јануари истата таа министерка рече дека „сега добивме информација дека всушност не се потрошени тие пари“, кажа Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This