МИЦКОСКИ: Владата ја води државата во пoгpeшeн правец, изборите се логично решение за кpajoт на нecпocoбнaтa влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на телевизијата Шења истакна дека во едно демократска земја нормално е опозицијата да бара предвремени парламентарни избори се со цел да понуди нови политики и решенија за проблемите на граѓаните.

Како што рече Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ барала предвремени парламентарни избори и поради тоа што владата на СДСМ не ја носи државата во нагорна насока, туку во погрешен правец и поради тоа логично е да има избори како крај за сите лоши политики кои што ги спроведуваа изминатиот период.

Ние како политичка партија во неколку наврати во минатото баравме предвремени парламентарни избори бидејќи како основа на функционирањето на опозицијата е да бара предвремени парламентарни избори, се разбира и за тоа во секоја зрела демократија е добро да имаме опозиција која што ќе биде амбициозна, која што ќе сака да се натпреварува со власта во еден изборен циклус и да победи се разбира да понуди нови политики и нови решенија и тоа е добро. И второ затоа што оваа влада според нас, но и според огромно мнозинство на граѓаните и ако ги погледнете последните анкети ќе видите дека не ја води државата во нагорна насока, туку сосема спротивно и тоа во погрешна насока и мислам дека можеби требаше многу порано пред сето ова да ни се случи да имаме ние предвремени парламентарни избор, вели Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This