Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е реформирана партија, имаме над 90 проценти нови ликови на овие локални избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија. И генерации и генерации на наши сограѓани поминале низ структурите на ВМРО-ДПМНЕ, многу пратеници, многу министри, многу директори, многу активисти, многу членови, луѓе кои што навистина оставиле сериозен печат во функционирањето на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија”, истакна вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при гостување во емисија на ТВ Шења.

Мицкоски додаде дека денес во Парламентот пратеничката група се состои и од пратеници на кои што им е прв мандат.

„Во Парламентот имаме една пратеничка група која 90% е на пратениците им е прв мандат. Нормално е дека имаме и неколкумина поискусни поради потребата од институционалната меморија”, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ако се погледнат кандидатите сега за градоначалници може да се увиди дека повеќе од 95% за прв пат ќе ја бараат довербата на граѓаните во општините во кои што тие се кандидираат.

„Ако ја погледнете структурата на ВМРО-ДПМНЕ комисиите, Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата на ветерани, ако ги погледате општинските комитети ќе видете дека тоа се луѓе кои што за прв пат се дел од тие структури”, рече Мицкоски.
Мицкоски укажа дека со овие локални избори заврши реформата во ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This