Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, ќе имаме најголем број на гласови, тоа го покажуваат анкетите, но и расположението кај луѓето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Народот е незадоволен, луѓето се целосно разочарани, затоа што се излажани и измамени од оваа власт, затоа што не чувствуваат ништо подобро, еве 52 месеци се влада во Македонија, 5 гдина речиси, апсолутно само ветувања, само зборови и зборови а нема ништо од тоа, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во емисијата Патот кон на телевизија Алсат М.

Мицкоски потенцираше дека овие избори граѓаните носат одлука дали ќе им се даде уште четири години на СДСМ и Заев или ова ќе биде првиот чекор на целосна промена во општеството и една нова сила и нова енергија.

Овие избори се носи одлуката како понатаму со Македонија, дали ќе им дадеме уште четири години апсолутна власт, или пак ова ќе биде првиот чекор кон целосна промена во општеството и една нова енергија и нова сила, нови луѓе што знаат како и кои што сакаат да создадат една нова иднина, нагласи тој.

Секаде онаму каде што ние имаме кандидат ние имаме шанса за победа на тој кандидат и стоиме целосно позади тој кандидат, така што ВМРО-ДПМНЕ стои позади сите овие кандидати што излегуваат на овие избори и без разлика дали тоа се советници или градоначалници, додаде тој и вели дека расположението и анкетите покажуваат победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори.

ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на овие избори, ВМРО-ДПМНЕ верувајте ми дека ќе победи и тоа го покажуваат и бројките и буквално состојбата, емоцијата, расположението на луѓето на терен, тука да немаме дилема.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This